Софтверот Менаџер е дел од системот, кој овозможува подесување на касите во согласност со потребите на корисниците, а исто така овозможува и контролирање на статистиките и извештаите, кои процесот на управување со продажбите го прават полесен.
Многубројни се можностите во софтверот на кои менаџерите може да работат:
- внесување на нови артикли;
- групирање на артиклите по категории;
- распоред на артиклите кои се појавуваат на касата;
- начини на плаќање;
- промена на цени за продажба;
- поднесување на тајмер на каса – така што во одреден датум или време на сите или само некои цени автоматски да се променат – happyhour;
- доделување на поединечни попусти;
- одредување и прецизирање на модификатори;
- издавање на картички за вработените со разлнични нивоа на пристапи итн.;
Контролните активности на Менаџерот што може да ги прави се:
- надгледување на работата на касата од канцеларија или преку интернет од оддалечна локација;
- користење на извештаи за продажбата (по вкупниот пазар, по вработени, по маси, по артикли, по временски период , по начините на плаќање и сл., по списокот на сметки и ред, по брза секција за престанување итн и сето тоа во реално време, но и по затворање на денот.;
Можно е да се пристапи до уште подетални извештаи за продажбата, па дури и со едноставната и брза drag-and-drop постапка, самостојно да се креираат многубројни извештаи по различни чинители (филтри) кој му се потребни на менаџерот во дадениот момент, за било кој временски период од почетокот на работата на системот R-Keeper.
На располагање на менаџерот се и графичките формати за извештаи кои овозможуваат визуелно и брзо согледување на работата.