Овој софтвер дава можност на хотелиерите да споделат и да добијат информации за сите работи, беспрекорно вклучувајќи бројни системи, потребни за задоволување на различните работи на секое хотелско претпријатие.

Shelter е производ, кој е наменет за хотелската и угостителската индустија. Скалабилноста им овозможува на хотелиерите да ги споделат и добијат потребните информации за сите работи, беспрекорно вклучувајќи бројни системи (модули), потребни за задоволување на различните потреби на секое хотелско претпријатие локално или глобално (cloud).

Софтверот опфаќа сет на централно-хостирани апликации, воведувајќи нови концепти на грижа и услуги за гостите, секој од нив опфаќајќи широк спектар на услуги поврзани со хотелската и угостителската индустрија.

Протокот на податоци, кои се добиваат секојдневно од различни услуги на хотелот, рецепција, резервации, вработените, сега е управуван преку бројни функции на програмата.

Shelter вклучува и систем за безготовински плаќања  со што се обезбедува сеопфатен финансиски извештај. Нашата програма нуди и можности за претварање на безготовински плаќања во фактури, порамнување на плаќања кон добавувачи и изведувачи, можност за правење и анализирање на финансиските извештаи.

Богатата функционалност на системот воведува разумен и ефикасен концепт на  услуга на гостите. Структурата на системот лесно може да се прилагоди кон задоволување на барањата на вашиот бизнис, опфаќајќи ги само оние модули од кои имате потреба.

Клиентот има можност да ги види слободните соби за одреден датум и направи резервација on-line, заштедувајќи на време и труд потребни за да се направи еден телефонски повик. Системот автоматски обезбедува потврда или откажување на резервација по барање на клиент, со или без примена на наплата на пенали.

Хотелскиот менаџмент добива сеопфатни информации во врска со сите направени посети, може да дозволи или забрани резервација на одредена соба, како и сите поврзани статистики и извештаи.

Различни најнови технологии се на ваша услуга, кои ќе ви помогнат во понудата на најдобрите услуги за клиентите: сателитска телевизија, контрола на пристапот во собите, сеф, телефон во соба.

Со помош на функцијата за собна контрола која автоматски комуницира со профилот на гостинот, програмата овозможува следење на потрошувачката на барот за храна и пијалок во собата, и го забележува потрошеното на сметката на гостинот.