RIVER SOFT е екслузивен и овластен партнер и дистрибутер на RKEEPER – UCS компанија со седиште во Москва, која има развиено мрежа на свој компании и партнерсства во преку 150 земји од светот.

Главнот приоритет на компанијата е развивање на софтвер, скроен по мерка за користење во туристичко-угостителската индустрија, но може да се вклопи и работи во секаков вид на индустрија, каде што главен приоритет е автоматизацјата на работните процеси во туристичко угостителски дејности.

Компанијата која го произведува RKeeper, со години работи и опслужува клиенти, а првите инсталации се направени 1992 година во Москва. Тимот од врвни експерти постојано работи на модернизација, доградување, проширување и подобрување на системот.

Долгогодишното искуство и големиот број на имплементации во многу земји од различни економски, фискални и пазарни системи, како и специфични барања за доработка на системот – програмот RKeeper е доведен до совршенство и е на врвот во оваа индустрија.

Екслкузивноста, стабилноста, безбедноста, брзината, сигурноста и леснотијата при користење на софтверот се основните водечки принципи на  кои компанијата го гради овој софтвер.  Просперитетот и успехот на корисниците на RKeeper системот, ни дава за право да продолжиме да го доработуваме софтверот.

Во прилог на софтверскиот пакет, RIVER SOFT на своите клиенти им овозможува најмодерна опрема, извршување на целосна инсталација на мрежа, хардвер и софтвер во дадениот објект, организациона обука, обука на персонал.

По инсталацијата обезбедуваме целосна поддршка на софтверот како и на целиот потрошен материјал и опрема.