Денес, услугата на достава на готова храна станува се поатрактивна. Околностите доведуваат до потреба на автоматизација на целиот процес, при што нарачките можат да бидат превземени преку телефон, а процесот на производство е потполно контролиран се до моментот кога производот е доставен на клиентот.

  • Интегриран дел во R-Keeper системот за ресторантски менаџмент;
  • Дизајниран за автоматизација на испорака на услуги;
  • Овозможува нарачки на производи преку телефон и одржување контрола над целиот процес од производството до моментот кога производот е доставен на клиентот;
  • Се употребува во најголемите компании за достава на пица во Русија и странство;

UCS Компанијата е спремна да понуди софтверски систем, кој е посебно дизајниран да го автоматизира процесот на производство и достава на производот.

Системот ги вклучува следните модули:

Модул за менаџер

Софтверот за Достава е составен дел од R-Keeper системот. Основните страници на Delivery апликацијата се креирани во R-Keeper едиторот (мени, листа на вработени, начин на плаќање и др.). Сите информации за доставените артикли влегуваат во R-Keeper  извештаите.

Модул за оператор

Главната работа на операторот, е брзо да ја прими телефонската нарачка и да ја испрати во производствениот диспечерски модул.

Оваа задача ефикасно се извршува со Delivery системот. При прием на секоја нова нарачка, системот бара детални информации за клиентот. Тие податоци дополнително се користат за наредно брзо активирање на тој клиент од датабазата, како и за изработка на извештаи и статистики. Операторот исто така го внесува посакуваното време на достава, кое не може да биде помало од подесеното минимално време потребно за целокупното извршување.

  • Системот пресметува време за достава, додавајки го вкупното време за спремање, проценето времето за патување земајки ја во обзир локацијата одредена од страна на клиентот;
  • Интегрираната мапа од градот овозможува пронаоѓање на најбрзиот пат до одредената локација;
  • Системот дозволува различни начини на плаќање. Опцијата за подесување на попуст и бонус го прави системот дополнително атрактивен и лесен за употреба.;