Потребата од специјализиран софтвер од областа на автоматизацијата на магацин и финансово-материјално работење, стана неопходна.
Rkeeper Storehouse е еден од најбараните софтверски производи на компанијата RKEEPER – UCS веќе повеќе години, затоа што извршува комплетна контрола во сферата на угостителството, и автоматизацијата на извештаите, притоа го заменува рачното пресметување, и значително ја олеснува и забрзува работата во објектот.
Предностите кои ги овозможува StoreHouse се:
- Rkeeper Storehouse користи сопствена специјализирана база на податоци, што овозможува голема стабилност и брза обработка на информациите;
- Овластен пристап кон програмата; флексибилно администрирање на пристапните права на корисниците;
- Внесување и складирање на податоците за сите елементи, кои се вклучени во производство: мерна единица, добавувачи, валути, ДДВ стапка, итн.;
- Приспособување на формите на извештаи и изгледот на испечатените извештаи, документи и списоци спрема потребите на корисниците;
- Автоматско печатење на ДПУ обрасци (листа на дневен промет во објектот);
- Автоматско импортирање на податоците во Rkeeper Storehouse и одделување на потрошените состојки за подготвување на артиклот, продавање преку R-keeper -от;
- Потполно автоматско делење на артиклите на основа на реализацијата, со можност за користење на алтернативни артикли и состојки по FIFO (First In First Out) метода;
- Документирање на тековните активи во робата за употреба на вообичаени типови на документи (приемница, испорака, фактура, документи за интерен пренос, документи за враќање и делење. итн.) како и специјализирани типови (документи за комплетирање, докомплетирање. итн).;
- Креирање на стандардизирани, оперативни и аналитички извештаи, неопходни за секое ниво на сметководство: лагер листа по малопродажни цени, лагер листа по влезни фактури, лагер листа по единица мера, акт реализација, комплетен список на доставувачи и купувачи итн.;