Моментално на пазарот постојат уреди кои што можат да станат добра замена за “хартијата”, односно класичното мени. Таблет компјутерите што ги нудиме се развиени од Apple Inc. Нивната величина и дизајн се идеална основа за создавање на електронско мени и систем кој е составен од повеќе целини.
За развивање на оваа апликација, е потрошено доста внимание и е подготвена да понуди нова технологија врз база на R-Keeper софтверот, мобилната апликација наречена Rk-Order.
Секој гостин може да направи нарачка со помош на таблет, преку Rk-Order. Дизајнирана е така што има лесен и видлив преглед на менито, за гостите да немаат проблем со порачување. При преглед на менито, корисникот може во висока резолуција, со зголемувања, да ги види фотографиите на веќе подготвените јадења и јасно да го согледа изгледот на посакуваното јадење, а исто така на секој ресторан му е важно гостинот да си замине задоволен.
Треба да се нагласи и тоа дека електронската навигација на менито е многу поудобна, од класичното вртење на листови хартија. Притоа гостите добиваат додатни информации за јадењето, со краток (или комплетен) опис, со препорачани комбинации за други јадења, пијалоци или зачини. При нарачување може да се одреди редоследот на сервисирање на нарачката, со упаство за временски интервали помеѓу јадењата. Како гостинот ја контролира нарачката, процесот на порачување во истиот момент влегува во системот; со тоа што времето на пријавувањае на нарачка се намалува.
Со користење на Rk-Order, многу лесно се прават измени во менито. Нема потреба повеќе никогаш повторно да се печатат нови изданија на менија. Гостинот може веднаш да ги види важечките измени во секој момент реално (периоди на попусти, работен ручек), а исто така ги гледа и цените на јадењата.