Системот R-Keeper е КЛУЧНО И КОНEЧНО СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ за успешно работење на хотели, ресторани, кафулиња, клубови, достава, ресторани за брза храна, велнес-спа центари, бањски и други болнички сместувачки капацитети, аква паркови, клубови за билијард, играчници и други видови на угостителско-услужни бизниси.

Системот нуди решение за централизирано работење во корпорациски ланци на објекти, но исто така и за малите бизниси. Функционалноста, како на локално, така е овозможена и на регионалено и глобално ниво.

R-Keeper е модерен, клиент-сервер програм за ресторани кои имаат различни начини на услужување. Како моќен инструмент кој дава сеопфатена контрола на производството, продавањето и наплаќањето, совршена е и асистенцијата на сопствениците и менаџерите. Примената на touchscreen екран, безжични мобилни келнери и други нови технологии, овозможуваат постигнување на врвни резултати во комбинација со брзината на справувањето и нивото на сигурност и издржливост на системот. Во исто време гарантирана е силна заштита на податоците од било кои недозволени пристапи. Високофакторните анализи овозможуваат намалување на трошоците, поради ефективното користење на намирниците (робата) како и поради оптималното ангажирање на вработените. Статистичките анализи и извештаите во реално време овозможуваат брзо откривање на обидите за малверзациии од страна на вработените.

Системот ја подобрува ефикасноста и воведува автоматско и оптимално управување.

Оптимален промет овозможен преку зголемување на брзината и квалитетот на комуникација и услужување. На тој начин се чуваат старите гости, а се зголемува бројот на нови задоволни гости и нивните побарувања.

Оптимална заштеда е обезбедена преку контролата на магацинот и инвентарот со прецизно финансово-материјално работење  на персоналот, како и подобар увид во финансиите.

Оптимален профит преку зголемување на прометот и заштедата, може да се постигне со професионален менаџмент преку софтверскиот пакет. Сите работи се преточени преку бројки, детални, разбирливи и брзо достапни извештаи.