Систем на депозити, попусти и бонуси со доделување на VIP и Членски картички на гостите

Системот за картички подразбира клиентот да може да ги користи картичките како платежно средство. Исто така системот дозволува користење на картички за попуст и картички за бонуси.

Персоналната картичка на клиентот, е интегрирана во функцијата на картичките за попусти, плаќања и бонуси. За секоја картичка за плаќање или група картички може да ја одредите висината на попустот, кој клиентот ќе го добие при плаќањето на својата сметка.

За секоја поединечка картичка за плаќање, возможно е да ставите депозит, кој автоматски ќе биде користен при плаќањето со таа картичка. И не само тоа, за специјалните клиенти може да се одобри и одреден кредит.

Картичките за плаќање поддржуваат и можност за пресметка на бонус. Бонусот е одреден процент од вкупниот износ на сметката кој се префрлува на сметката на персоналната картичка како депозит. Бонусите се користат само со попустите, што значи дека доколку за издадената картичка е дефиниран попуст – таа картичка може да се користи и како бонус картичка.

Основни Функции

1. Креирање на својства на новите картички;
2. Менување на својствата на постоечките картички;
3. Бришење на постоечките картички;
4. Креирање на распоред на користење на картичките;
5. Добивање на извештаи и информации врзани за картичките преку апликацијата Reports;

Компанијата RIVER SOFT на своите клиенти им нуди дизајнирање, потполна изработка и печатење во боја на картички неопходни за ефикасно функционирање на сите објекти, кои користат апликации за плаќање со картичка.