RKEEPER Мобилните уреди и технологии, се цврсто застапени во нашите животи. Едноставното користење, погодниот пристап кон информациите и малите величини, овозможуваат мобилните уреди да се користат не само како лично помагало, туку и како сигурен и погоден уред за работа.
RKEEPER како лидер во производството на системите за автоматизација во угостителството, веќе долги години на клиентите им нуди мобилно решение за келнерите – Мобилен Келнер. Компанијата на пазарот го преставува ова мобилното решение со пристапноста и практичноста, базирано на револуцонерните мобилени уреди Apple iPod touch и iPad генерација 4 и 5.
Користењето на мобилен уред или таблет на допир, овозможува да се намали “прагот” на почетно користење на технологијата и да го направи пристапен во секој ресторан.
Мобилниот келнер е компатибилен со основните верзии на системот на RKEEPER Каса.
Спротивно на традиционалните технологии кон нарачките, користењето на мобилниот келнер при услужување на гостите во ресторанот ги има следниве предности:
- Отфрлање и користење на хартиени белешки, како и намалување на бројот на операции при внесување на нарачка во системот;
- Користење на пренослив терминал, води до поголема брзина на услугата и намалување на времето на приемот на нарачка, го зголемува прометот по маса и го подобрува квалитетот на услугата;
- Внесување на нарачката директно од масата на гостинот, овозможува и доведува до намалување на бројот на грешки;
- Мобилниот келнер e неопходен во рестораните каде е невозможно мрежното каблирање (поради ентериерот или поради неможноста за монтажа на каблите) или е нерационално (на пример во летните бавчи);
- Можно е и истовремено користење со RK-order програмата (електронско мени);