RKeeper Касата (Cashier) содржи тастери за брзо бирање, во кои што може да биде ингегрирана и слика, при што се забрзува визуелното пребарување и работење. Големината, бојата и името на копчето, можат да се менуваат во зависност од потребите.

При користење на Касата, се добиваат информации од секојдневното работење, како и можности за креирање на широк спектар на извештаи, рецепти, модификатори, итн.

Секој келнер со едноставно отчукување на RFID картичка, се поврзува на својата сметка и може да ги види сите детали за зафатеност на маси, додавање и наплаќање на нарачки, без можност да превземе маса на друг келнер. Менаџерите имаат можност да ги контролираат сите работни процеси во објектот.

Сите корисници на системот имаат свое ниво на пристап, така што работата може да се подели на:

  • Маркер – Касиер
  • Келнер
  • Бармен
  • Готвач

Со поделбата на правата за пристап во системот, се добива целосна контрола на работата во објектот. Со следењето на времето на готвење на храната, можете да ги подобрите ресурсите или доколку не ви треба таков персонал – да скратите на трошоци.

RKeeper Касата нуди многу опции, кои можат да се поделат на: од внесување на број на гости, засебна сметка на повеќе маси, поединечни сметки да се спојуваат во една, релокација на нарачки, итн.