KDS – Kitchen Display System. претставува моќна софтверска алатка во објектот. т.е замена на конвенционалниот маркер принтер со дигитален KDS систем. Може да се користи во кујна, шанк или било кое место на продажба, каде што е потребен маркер.

Со KDS системот го забрзувате процесот на комуникација: келнер-кујна, кујна-келнер, келнер-шанк, шанк-келнер. Со самата инсталација на системот, воспоставувате комплетна контрола на работата, бидејки менаџерот или шефот може во реално време да ги следи и контролира сите нарачки во објектот преку своја работна станица.

Модуларноста на програмата дозволува модернизирање и воспоставување ред и квалитет на услугата во сите процеси на работата.